Ekipa
02 Декември 2018•Ажурирај: 04 Декември 2018
КАИРО (АА) - Поморските сили на Египет и Франција реализираа заедничка воена вежба во Црвеното Море, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според писменото соопштение на египетската Војска, поморските сили на двете земји, со учество на француски воен брод, реализирале заедничка поморска вежба во Црвеното Море.
Се истакнува дека во рамки на оваа вежба реализирани се операции за осигурување поморска безбедност, интервенција од море против терористички елементи, заштита на стратешки товарни бродови, како и инспекција на осомничените бродови.
Привлекува внимание тоа што администрацијата на Абдулфетах ес Сиси во Египет во последно време ги интензивира особено поморските вежби.