Ekip,Gamze Türkoğlu Oğuz
13 Октомври 2016•Ажурирај: 14 Октомври 2016
РИЈАД (АА) - Советот за соработка на земјите од Заливот (GCC) го окарактеризира ФЕТО како терористичка организација, и изрази поддршка за Турција во борбата против оваа организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Во заедничката декларација објавена по состанокот на министри на ГЦЦ, во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, потврдена е одлучноста за спротивставување на новите облици на тероризам што произлегуваат од култните структури како што е ФЕТО, кој е откриен благодарејќи на напорите на Турција.
Изразена е и солидарност со Турција, која на 15 јули се соочи со обидот за државен удар, како и задоволство бидејќи оваа земја го надминала тој проблем.
Исто така беше нагласена и поддршката за преземањето мерки по обидот за државен удар, и значајноста на безбедноста и стабилноста на Турција, предводена од претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Повторно беше искажана и поддршката на сите меѓународни и регионални напори на меѓународната коалиција во борбата против терористичката организација ДЕАШ, но исто така и сите други терористички организации во Сирија, Ирак и други региони.
Министрите на земјите од Заливот ги осудија нападите на терористичките организации на ПКК и другите терористички групи во Турција, и истакнаа дека оваа земја има право на одбрана.