Ekipa
17 Април 2018•Ажурирај: 18 Април 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници уапсија осум Палестинци на Западниот Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Израелската армија се вели дека акциите биле спроведени во текот на ноќта, а дека Палестинците биле притворени поради наводно „учество во терористички активности“.
Други детали околу приведените сѐ уште не се дадени. Израелските сили често вршат упади во Западниот Брег и Источен Ерусалим (Кудс) и под разни обвинувања ги приведуваат Палестинците.
Палестински официјални извори велат дека во израелските затвори има околу 7.000 Палестинци, вклучувајќи 62 жени, 12 пратеници и повеќе од 300 малолетни лица, како и 450 Палестинци кои се во административен притвор.