Övünç Kutlu
24 Ноември 2017•Ажурирај: 25 Ноември 2017
ЊУЈОРК (AA) – Во Соединетите Американски Држави (САД) започна шопинг треската „Црн Петок" (Black Friday), ден по националниот празник Ден на благодарност, односно денот кога настапуваат и големи попусти во продавниците што секоја година предизвикува шопинг треска ширум земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Иако се вика „Црн петок", како и претходните години, шопинг треската почнува веќе во четврток навечер.
Голем метеж имаше во сојузната држава Њу Џерси, каде пред продавницата на најголемиот американски малопродажен ланец „Walmart" се собраа илјадници граѓани, исчекувајќи зелено светлно за купување, што се случи во 18 часот по локално време.
Слично беше и пред вратите на продавницата на електронските уреди „Best Buy", исто така во Њу Џерси, каде и покрај многу ниски температури ноќта ја минаа околу 700 луѓе.
За да ги искористат големите попусти, Американците највеќе купуваа телевизори, паметни телефони, таблети и друга електронска и дигитална опрема.
Националната федерација на малопродажни објекти (НРФ) очекува дека во текот на викендот околу 115 милиони граѓани на САД да ги искористат поволностите во купувањето во текот на Денот на благодарноста.
Прославата на Дено на благодарноста воведена е 1789. година на препорака на претседателот Џорџ Вашингтон и одобрување на Конгресот.
Подоцна, 1941. година претседателот Рузвелт потпиша закон со кој и официјално се воспоставува Денот на благодарноста како празник кој се прославува во последниот четврток во ноември.