Atila Altuntaş
02 Октомври 2022•Ажурирај: 03 Октомври 2022
СТОКХОЛМ (АА) – Агенцијата за енергетика на Данска соопшти дека е запрено истекувањето на гас во руските гасоводи Северен тек 1 и Северен тек 2 во Балтичкото Море, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со напомена дека истекувањето во гасоводот Северен тек 2 престанало вчера, од Агенцијата е соопштено дека денес престанало и истекувањето и во гасоводот Северен тек 2.
Во соопштението исто така се наведува и дека е постигнат константен притисок на гасот без истекување од цевководот.
Регистрирани беа вкупно четири истекувања на руските гасоводи „Северен тек“ во водите на Данска и Шведска во Балтичкото Море. Издадено беше предупредување до бродовите да не се приближуваат до тоа подрачје.
Двете земји рекоа дека постојат индиции дека протекувањето не е несреќен случај, туку резултат на намерен чин. Европската Унија (ЕУ) исто така соопшти дека смета оти инцидентот не бил случаен, туку намерно предизвикан.
Испораката на природен гас преку гасоводот Северен тек 1 беше прекината на 31 август, со образложение дека не било можно да се изврши неопходното одржување. Испораката преку новиот гасовод Северен тек 2 не е ни воспоставена поради војната меѓу Русија и Украина.