Ahmet Nurduhan
26 Јануари 2023•Ажурирај: 27 Јануари 2023
ЛОНДОН (АА) - Здравствените работници во Северна Ирска штрајкуваат поради несогласување во врска со покачувањето на платите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Илјадници членови на синдикатите УНИСОН, „Нипса“ и ГМБ кои не го прифаќаат предлогот за покачување на платите, кое е под нивото на инфлацијата, одржуваат еднодневен штрајк.
Ен Спид од УНИСОН истакна дека на еднодневниот штрајк се приклучиле илјадници здравствени работници.
„Страшно е што вратите се затворени за синдикатите кои се подготвени за преговори. Затоа, неизбежно е одржувањето на денешните демонстрации“, рече таа.
Потсетуваме, здравствените работници и на 12 декември 2022 година одржаа еднодневен штрајк. Синдикатите тврдат дека бонусот од 1.400 фунти планиран за 2022-2023 година не е доволен против зголемената инфлација.