Muhammet Torunlu
26 Јануари 2023•Ажурирај: 29 Јануари 2023
АНКАРА (АА) - Терористичката организација ПКК/ЈПГ ја користи нафтата во областите што ги зазеде источно од реката Еуфрат во Сирија како извор на финансирање, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турски разузнавачки извори за АА изјавија дека има многу компании кои се активни во истражување и производство и се поврзани со нафтената компанија „Џезира“, поврзана со терористичката организација ПКК/ЈПГ.
Милитантите на ПКК, кои претходно беа активни во Ирак, ја надгледуваат трговијата со нафта во Сирија.
Шахоз Хасан, поранешен копретседател на Партијата за демократска унија (PYD), раководи со нафтената компанија „Џезира“, при што разговараше со компании во неколку земји за маркетинг на сириската нафта.
Во декември минатата година, Министерството за надворешни работи на сирискиот режим во писмо испратено до Советот за безбедност на Обединетите нации ги обвини САД и терористичката организација за кражба на сириската нафта и природниот гас.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК/ПЈД и понатаму под своја контрола има над 70 отсто од нафтените ресурси во Сирија со поддршка на САД.
Терористичката организација го зазеде Конико, најголемиот капацитет за гас во североисточната област на Деир ез-Зор, на 23 септември 2017 година, како и најголемото сириско нафтено поле, Ал Омар, на 22 октомври 2017 година.
Нафтените рафинерии во земјата се под контрола на режимските сили.