Selen Temizer
09 Декември 2022•Ажурирај: 10 Декември 2022
БРИСЕЛ (АА) - Здравствените работници денеска одржаа протест во Брисел за да побараат подобри услови за работа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Маршот, организиран од Европската федерација на синдикати за јавни услуги (ЕПСУ), е одржан на потегот од метростаницата „Маду“ до кружниот тек „Шуман“.
Протестот се одржа за време на состанокот на министрите за здравство на ЕУ во Брисел.
Претставниците на синдикатите од Шпанија, Франција, Романија, Германија и Холандија се собраа за да побараат подобри услови за работа.
Тие протестираа против ниските плати, недостигот на средства, исцрпеноста и небезбедните услови за работа.
„Бараме министрите за здравство да ги стават нашите грижи на нивната агенда. Тие се чини дека не ја разбираат итната потреба за справување со недостигот на кадар низ Европа и ризикот здравствените системи да бидат на работ на колапс“, соопшти ЕПСУ.
„Пред две години, милиони Европејци им аплаудираа на „хероите“ кои работат во болници, домови за нега, клиники. Денес овие луѓе се чини дека се заборавени“, се додава во соопштението.