Elena Teslova
26 Јуни 2024•Ажурирај: 27 Јуни 2024
КИЕВ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес објави дека заедно со воените началници ги посетил борбените позиции во Украина, јавува Анадолу.
Денес официјално им го претставив Андриј Хнатов на сите одговорни за одбраната во регионот Доњецк“, објави Зеленски на Телеграм.
Тој додаде дека „ги слушал извештаите директно од својата позиција“ и дека „со задоволство лично ги посетил и им се заблагодарил на 110. и 47. бригада“.
„Им се заблагодарив на нашите воени болничари, мажи и жени што ја вршат најважната работа - стабилизирање на ранетите, спасување животи, обезбедување максимална поддршка. Трогателно е да се види таква посветеност и подготвеност да се помогне“, рече претседателот на Украина.
Тој рече дека разговарал за многу работи, вклучително и обезбедување на основните потреби за живот, како што се вода, социјални прашања, евакуација, помош во одбраната и реконструкција на станбените објекти.