Burç Eruygur
27 Март 2023•Ажурирај: 28 Март 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес ги посети позициите на украинската војска на првата борбена линија во југоисточниот регион на Украина, Запорожје, пренесува Анадолу.
„Регионот Запорожје. Позициите на фронтот. Чест ми е што сум денес овде, покрај нашата војска. Благодарен сум на секој од нашите борци што ја бранат Украина, нашиот суверенитет, нашите градови и нашите деца. Ние дефинитивно ќе победиме“, рече Зеленски во пораката објавена на Телеграм.
Тој, исто така, сподели видео од неговото обраќање до војниците.
Посетата на Зеленски доаѓа по сличните ненадејни посети на украинските позиции во регионите Доњецк и Херсон на 22, односно на 23 март.