Davit Kachkachishvili
19 Ноември 2022•Ажурирај: 20 Ноември 2022
КИЕВ (АА) - Британскиот премиер Риши Сунак го посети Киев, главниот град ан Украина, и се состана со претседателот Владимир Зеленски, известува Агенција Анадолија (АА).
Зеленски на социјалната мрежа Телеграм објави дека се состанал со Сунак во претседателската канцеларија во Киев.
Украинскиот претседател во својата објава истакна дека во текот на состанокот станало збор за соработката на Велика Британија и Украина и за прашања поврзани со глобалната безбедност.
Зеленски наведува дека Украина и Велика Британија се најсилни сојузници уште од првите денови на руската инвазија на Украина.
Премиерот Сунак на социјалната мрежа Твитер објави порака во која информира за својата посета на Киев.
„Велика Британија знае што значи да се бориш за слобода. Ние сме покрај вас до крај“, наведе британскиот премиер.