Elvır Hodzıc
05 Март 2025•Ажурирај: 06 Март 2025
Украинскиот претседател Владимир Зеленски ѝ се заблагодари на Словенија за поддршката и за сè што прави за Украина која се наоѓа во војна, известува Анадолу.
„Телефонски разговарав со словенечкиот премиер Роберт Голоб за да го информирам за лидерскиот самит во Лондон и да разговараме за нашите заеднички напори“, наведе Зеленски во објавата на социјалната мрежа Х.
Нагласувајќи дека чекор по чекор подготвуваат план за постигнување праведен мир што ќе трае, Зеленски додаде дека на тоа работат забрзано и дека планот би можел да биде подготвен во блиска иднина.
„Европа има заедничка визија за тоа како треба да заврши војната и какви мора да бидат безбедносните гаранции. Европа би требало да биде на преговарачка маса во идните преговори заедно покрај Украина и САД“, наведе Зеленски.
Двајцата лидери разговарале и за спроведување на заедничката иницијатива „Храна од Украина“.
Зеленски рече дека Словенија им се приклучила на украинските напори да го поддржат сирискиот народ.
„Благодарен сум за сѐ што Словенија прави за Украина“, заклучи Зеленски.