Mustafa Melih Ahıshalı
09 Јуни 2020•Ажурирај: 10 Јуни 2020
ИСТАНБУЛ
Земјотрес со интензитет од 5,1 степен ја потресе иранската покраина Фарс, која се наоѓа во јужниот дел на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за сеизмологина при универзитетот Техеран соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во местото Бејрам, во покраината Фарс.
Земјотресот бил на длабочина од 11 колометри.
На теренот се наоѓаат спасувачки екипи. Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.