Muhammet Nazım Taşcı
19 Јануари 2023•Ажурирај: 20 Јануари 2023
ИСЛАМАБАД (АА) - Земјотрес со интензитет од 5,6 степени ја потресе пакистанската провинција Хајбер Пахтунва, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Пакистанската метеорологија, епицентарот на земјотресот со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 37 километри западно од градот Читрал.
Земјотресот бил на длабочина 190 километри под тлото. Засега нема информации дали има човечки загуба или материјална штета предизвикани од земјотресот.
Земјотресот кој се случи во регион близу границата со Авганистан, се почувствувал и во оваа соседна земја.