Ahmet Furkan Mercan
25 Јуни 2020•Ажурирај: 25 Јуни 2020
ТОКИО
Во источниот дел на Јапонија, во подрачјето на Чиба се почувствува земјотрес со интензитет од 6,2 степени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за метеорологија на Јапонија информира дека епицентарот на земјотресот кој се случил во утринските часови и бил со интензитет од 6,2 степени, се наоѓа во подрачјето на Чиба, сместено источно од главниот град Токио.
Земјотресот бил на длабочина од 30 километри, а се почувствувал во главниот град и околината.
По земјотресот не е дадено предупредување за цунами.