Islam Uddin
04 Април 2024•Ажурирај: 05 Април 2024
АНКАРА (АА) - Силен земјотрес со магнитуда од 6,1 степен го погоди денес јапонскиот регион Минамисома, соопшти Американскиот геолошки институт, пренесува Анадолу.
Потресот се случил на 83 километри источно од Минамисома во префектурата Фукушима на длабочина од 40 километри, соопшти агенцијата, и додаде дека нема издадено предупредување за цунами.
Нема извештаи за причинета штета.
Според јапонските медиуми, земјотресот бил почувствуван во префектурите Ивате, Мијаги и Фукушима во 12:16 часот по локално време, без потврдени абнормалности во оштетената нуклеарна централа Фукушима Даичи.
Ова се случи откако вчера силен земјотрес со магнитуда од 7,4 степени го погоди источниот брег на Тајван, при што загинаа најмалку девет лица, додека стотици се повредени.
Земјотресот беше најсилниот што ја погодил островската држава во последните 25 години. Во 1999 година, околу 2.400 луѓе загинаа кога земјотрес со магнитуда од 7,7 степени го погоди Тајван среде ноќ.