Saadet Gökce
12 Август 2025•Ажурирај: 13 Август 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Земјотрес со магнитуда од 6,3 степени денес ја потресе индонезиската покраина Западна Папуа, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS), пренесува Анадолу.
Земјотресот се случил 193 километри западно и северозападно од Абепура, на длабочина од 10 километри.
Потресот е регистриран во 08:24 часот по Гринич.
Досега нема извештаи за жртви и материјална штета. Не е издадено предупредување за цунами.
Индонезија, која се наоѓа во таканаречениот Огнен Прстен во Тихиот Океан има честа сеизмичка активност.