Servet Günerigök
23 Февруари 2023•Ажурирај: 23 Февруари 2023
ПЕКИНГ (АА) - Земјотрес со магнитуда од 7,2 степени ја погоди кинеско-таџикистанската граница рано утринава, соопшти Кинескиот центар за земјотреси (CENC).
Центарот соопшти дека земјотресот се случил во близина на границата меѓу автономниот регион Ксинџијанг во северозападна Кина и планинскиот автономен регион Горно-Бадакшан во источен Таџикистан.
Американскиот геолошки институт објави дека земјотресот бил со магнитуда од 6,8 степени и дека епицентарот бил на 67 километри западно од градот Мургоб на таџикистанската страна од границата.