Ahmet Dursun
21 Февруари 2023•Ажурирај: 22 Февруари 2023
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денес го погоди југозападен Иран, јавува Анадолу.
Според податоците на иранскиот национален сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот што се случил во 9:35 часот по локално време бил во селото Дорз во провинцијата Фарс.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за евентуална материјална штета и дали има човечки жртви во земјотресот.