Rabia İclal Turan
21 Февруари 2023•Ажурирај: 22 Февруари 2023
ВАШИНГТОН (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш изјави дека оваа организација е подготвена да и даде дополнителна поддршка на Туркије по новите два земјотреси кои синоќа ја потресоа јужната турска област Хатај, пренесува Анадолу.
„Моите мисли се со народот на Туркије и Сирија додека се справуваат со последиците од новите земјотреси што го погодија регионот“, напиша Гутереш на Твитер.
„Тимовите на ОН на терен ја проценуваат ситуацијата и ние сме подготвени да обезбедиме дополнителна поддршка“, додаде Гутереш.
Во синоќешниот земјотрес што го погоди јужната турска област Хатај загинаа шест лица.
Екипите за пребарување и спасување спасија едно и извлекоа тела на уште три лица под урнатините на зграда во Антакија во текот на ноќта.
Во земјотресот во Хатај повредени се повеќе од 290 лица, од кои 18 се со тешки повреди, потврди турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.
Земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала синоќа во 20 часот и 4 минути по локално време со епицентар во местото Дефне во турската област Хатај. Три минути подоцна следеше уште еден земјотрес со јачина од 5,8 степени, чиј епицентар беше во Самандаг во областа Хатај.