Sinan Doğan
02 Септември 2021•Ажурирај: 03 Септември 2021
БОГОТА
Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди јужноамериканската земја Чиле, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националната сеизмолошка служба на земјата.
Се истакнува дека епицентарот на земјотресот бил 80 километри југозападно од Калдера.
Во соопштението се наведува дека земјотресот со јачина од 5,6 степени се случил на длабочина од 15,1 километри.
Според првичните сознанија, нема жртви или повредени во земјотресот.
Се нагласува дека потреси биле почувствувани и во Атакама и Кокимбо.
По земјотресот не е издадено предупредување за цунами.