Tonguçnaz Seleme Baştürk,Ekip
26 Септември 2016•Ажурирај: 26 Септември 2016
ТОКИО (АА) - Земјотрес со јачина од 5,7 степени по Рихтер ноќеска го погоди јужниот дел на островот Окинава, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалната новинска агенција Кјодо јавува дека не постои опасност од цунами, а не е познато колкава штета е причинета.
Американскиот геолошки завод (USGS) јавува дека земјотресот го погодил подрачјето на 113 километри оддалеченост од градот Наго. Епицентарот бил на 40 километри длабочина.
Да се потсетиме, два силни земјотреса го погодија Куманмото во април. Тогаш животот го загубија 49 лица.
Јапонија е едно од најактивните сеизмички подрачја на светот. Во земјата на изгревот на сонцето се случуваат околу 20 отсто од земјотресите во светот посилни од шест степени според Рихтер.
Крајбрежните подрачја, Аомори, Ивате, Мијаги и Фукушима беа уништени во земјотресот во март 2011 година.