Ahmet Furkan Mercan
08 Декември 2021•Ажурирај: 09 Декември 2021
ТОКИО
Земјотрес со јачина од 5 степени се случи на отворено море кај јапонската североисточна префектура Фукушима, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Агенцијата за метеорологија на Јапонија.
Се нагласува дека земјотресот се случил во 16:22 часот по локално време, на отворени води кај Фукушима.
Според соопштеното, земјотресот со јачина од 5 степени се случил на длабочина од 50 километри.
Како што се наведува во соопштението, земјотресот бил почувствуван и во Мијаги, Аомори и Ивате.
Се истакнува дека земјотресот не предизвикал ризик од цунами.