Ahmet Furkan Mercan
14 Септември 2021•Ажурирај: 15 Септември 2021
ТОКИО (АА) - Земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди јужното крајбрежно подрачје на регионот Токаидо во Јапонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Агенцијата за метеорологија на Јапонија.
Во соопштението се наведува дека земјотресот се случил во јужната крајбрежна зона на Токаидо, што се наоѓа во источниот дел на земјата.
Се истакнува дека земјотресот се случил во 7:46 часот по локално време.
Според соопштеното, земјотресот со јачина од 6,2 степени е регистриран на длабочина од 450 километри.
Земјотресот е почувствуван во Токио, како и во околните префектури Саитама, Канагава и Чиба.