Mahmut Atanur
13 Август 2017•Ажурирај: 13 Август 2017
ЏАКАРТА (АА) - Земјотрес со јачина од 6,4 степен според Рихтер го погоди утринава индонезискиот остров Суматра, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот центар за геолошки истражувања (USGS) соопшти дека епицентарот на земјотресот е регистриран 74 километри западно од брегот на градот Бенгкулу, на длабочина од 35 километри.
Метеоролошкиот завод на Индонезија јавува дека јачината на земјотресот била 6,6 степени и дека потресот е почувствуван во повеќе градови во јужниот дел на Суматра.
По земјотресот нема издадено предупредување за можна појава на цунами, а досега нема ниту известувања за човечки и материјални загуби.