Emre Aytekin
20 Март 2018•Ажурирај: 20 Март 2018
АНКАРА (АА) - Американската технолошка компанија ИБМ го произведе најмалиот компјутер на светот, јавува Anadolu Agency (AA).
На интернет-страницата Mashable.com, објавена е веста дека компанијата ИБМ на првиот ден од конференцијата „IBM Think 2018“ го претставила својот интегриран микрочип, за кој соопшти дека претставува „најмалиот компјутер на светот“.
За компјутерот со димензии 1 х 1 милиметар информираа дека е изграден врз 32-битна архитектура користена во ИБМ-комјутерите од 1990 година. Компјутерот, кој е помал од кристал на сол, се состои од процесор што содржи неколку илјади транзистори, СРАМ-меморија, соларна ќелија и единица за комуникација составена од ЛЕД и фотодетектор.
ИБМ планира развивањето на технологијата на микрочипот „кодиран печат“, (cryptographic anchor), да ја користи во борбата против фалсификувани производи во системот за управување со синџирот на снабдување. Се предвидува благодарение на оваа технологија, во испораката да им се стави крај на фалсификатите, украдените производи, производите со лош квалитет и нецелосните испораки.
Арвинд Кришна, претседателот на одделот за истражувања на ИБМ, соопшти дека компјутерите „кодиран печат“ со микроскопска големина, во блиска иднина ќе бидат составен дел од сите предмети и уреди во нашата секојдневница. За овие микропроцесори што кои имаат способност да обработуваат и пренесуваат податоци, Кришна истакна дека во рамките на системот можат да даваат податоци за секое движење и трансфер, кои се подеднакво достапни од секоја точки, што ќе им даде моќ на структурите што се поврзани и работат на база на синџир.