Emre Gürkan Abay
20 Март 2018•Ажурирај: 20 Март 2018
МОСКВА (АА) - По минатомесечната авионска несреќа во Русија во која загинаа 71 патник, на руските авиокомпании им е забрането користење на патничките авиони „Aн-148“, јавува Anadolu Agency (AA).
Виктор Басаргин, директорот на руската Федерална агенција за сообраќај (Rostransnadzor), за руските медиуми изјави дека на руските авиокомпании им е пратена наредба да престанат со користење на патничките авиони од типот „Aн-148“, откако еден од нив се урна минатиот месец.
Во авиокомпанијата „Саратов Ерлајнс“, на која ѝ припаѓаше авионот што се урна, летовите се суспендирани до 27 април.
Во авионот кој падна минатиот месец, кратко по полетувањето од аеродромот „Домодедово“, во Москва, се наоѓаа 65 патници и шест членови на екипажот.