Gamze Türkoğlu Oğuz
02 Април 2019•Ажурирај: 02 Април 2019
КОПЕНХАГЕН (АА) - Извидувачки авион на Португалија го наруши воздушниот простор на Финска, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката на Министерството за одбрана на Финска, Нина Хирски, соопшти дека извиднички авион на Португалија вчера наутро го прекршил воздушниот простор на Финска југозападно од главниот град на оваа земја, Хелсинки.
Хирски истакна дека случајот се истражува од страна на Граничната гарда на Финска.
Портпаролот на Воздухопловните сили на Португалија, потполковникот Мануел да Коста, рече дека финските власти ја информирале Португалија во врска со ова нарушување и дека е започната истрага за овој случај.
Maнуел да Коста нагласи дека извиднички авион од типот П-3 веќе се наоѓа во Полска и дека учествува на патролните летови на НАТО.