Mustafa Deveci
02 Април 2019•Ажурирај: 03 Април 2019
РАМАЛА (АА) - Израелските сили срушија куќа на палестинско семејство на Западниот Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Куќата e срушена под образложение дека за неа семејството немало потребна дозвола.
Локалните извори наведуваат дека се работи за трикатна куќа на Палестинецот Бесим Иса, на подрачјето на Бејт Џала во Витлеем.
Израелските сили направиле полициски кордон и не дозволиле нз никого да се приближи до објектот.
Според палестинските податоци, само минатата година во Источен Ерусалим и на Западниот Брег се срушени 538 куќи и деловни објекти.
Израелските власти речиси на сите Палестинци им ги одбиваат барањата за градежни дозволи, а неколку илјади објекти мораа да бидат срушени, бидејќи за нив Палестинците ги немаа потребните дозволи.
Палестинците тврдат дека овој процес нема никаква правна основа и дека е само дел од израелските политики на заплашување и евреизација на градот.
Исто така, во поголемиот дел од случаите, трошоците за рушењето на објектот мора да го плати лицето чиј објект е срушен.
Палестинската страна тврди дека израелските сили од 1967 година во Источен Ерусалим срушиле над 5.000 куќи на Палестинци.