Sarp Özer
23 Март 2018•Ажурирај: 24 Март 2018
АФРИН (АА) - Турските вооружени сили и Слободната сириска војска на 18 март го ослободија сирискиот град Aфрин од терористите, а во овој град денеска по долго време во мир е извршена петочната молитва („џума намаз“), јавува Anadolu Agency (AA).
„Џума намаз“, муслиманската петочна молитва, во една од aфринските џамии беше извршена од членовите на Турските вооружени сили и Слободната сириска војска но, исто така и од голем број жители на Африн, кои, откако терористите избегаа, во голема мера се вратија во своите домови во Африн.
Жителите на Африн изразија задоволство поради можноста по долг период да извршат молитва во мир и благосостојба.
Имамот и хатиб, кој ја водеше денешната молитва во Aфрин, во своето обраќање им се заблагодари на командантите, кои го исчистија градот од терористите. Како што рече, сега тие имаат уште поголема одговорност и сега доаѓа времето на единство.
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со Турското право, засновано на Меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот: 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.