Nilay Kar
29 Септември 2018•Ажурирај: 30 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили се во потрага по 8 осомничени лица, по одржаното сведочење за клучниот осомничен за смртоносниот двоен бомбашки напад со автомобил кој се случи во турскиот град Рејханли во 2013 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Според судски извори, кои зборуваа под услов да останат анонимни, обвинителите на Анкара издале налози за осомничените лица од кои еден е идентификуван како Мехмет Гезер.
„Според сведочењето на Јусуф Назик, Гезер играл клучна улога во бомбашките напади“, додаваат изворите.
Назик, кој беше уапсен од турските разузнавачки сили во сирискиот пристаништен град Латакија на 12 септември, призна дека бил вмешан во смртоносниот бомбашки напад во Рејханли во Хатај, во кој загинаа 53 лица.
Назик во моментот се наоѓа под истрага од страна на безбедносните и разузнавачките тимови во Анкара.
Во двојниот бомбашки напад кој се случи во Рејханли во мај 2013 година, загинаа 53 лица.
Во нападот, исто така беа оштетени и околу 912 згради, 891 деловни простории и 148 возила.