Aness Suheil Barghoti
03 Март 2019•Ажурирај: 04 Март 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Нафтали Бенет, партнер во коалиционата Влада на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, истакна дека нема да поддржи ниту еден закон кој ќе му даде имунитет на Нетанјаху за обвининенијата за корупција, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Ние нема да поддржиме закон кој ќе влијае на моменталната ситуација“, рече Бенет, во изјавите цитирани од весникот „Тајмс оф Израел“ („The Times of Israel“).
Бенет, кој е министер за образование, сепак, рече дека неговата партија ќе го поддржи Нетанјаху како премиер за следниот мандат.
Во четвртокот, израелскиот јавен обвинител Авичаи Манделблит изјави дека Нетанјаху ќе се товари за обвиненија за корупција и поткуп за три одделни случаи.
Неодамнешната анкета покажа дека половина од израелската јавност смета дека Нетанјаху треба да поднесе оставка, доколку јавниот обвинител предложи тој да биде суден по обвиненијата.