Mahmut Geldi,Zeynep Tüfekçi
13 Декември 2017•Ажурирај: 13 Декември 2017
ГАЗА (АА) - Израелските авиони го бомбардираа подрачјето кое припаѓа на бунтовничките групи во градот Хан Јунус, во јужниот дел на Газа, тврдат безбедносни извори, пренесува Anadolu Agency (AA).
Палестинското Министерство за здравство во Газа соопшти дека во нападот немало настрадани лица, но не се дадени додатни информации.
Портпаролот на израелската војска, Авичај Адрае, во изјава за медиумите рече дека до сето ова дошло откако од Газа бил лансиран проектил кон Израел.
„По лансирањето, израелската војска изврши напад на военото подрачје на Хамас во Газа“, изјави Адрае.
Претходно, израелската војска соопшти дека проектилот лансиран од Газа паднал на ненаселена област во Ашкелон и дека немало настрадани лица ниту е причинета материјална штета.
Ниедна палестинска група во Појасот Газа не презеде одговорност за ракетниот напад.