Ekipa
03 Јуни 2018•Ажурирај: 04 Јуни 2018
ГАЗА (АА) - Израелските воени авиони погодија две воени позиции на бригадата „Изедин Касам“, воен огранок на Хамас во Појасот Газа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, израелските воени авиони ја бомбардирале воената позиција Ајн Џалут во градот Хан Јунус, и воената позиција позната како „Јермук“ во источниот дел на Газа.
Во нападите нема жртви ниту повредени.
Израелската војска сè уште не даде изјава околу овој случај.