Ekip
02 Јуни 2018•Ажурирај: 03 Јуни 2018
БАРСЕЛОНА (АА) - Членовите на владата на Каталонија денеска положија заклетва, со што заврши седуммесечното преземање и контрола од страна на шпанската централна власт по неуспешното прогласување на независна регија, јавува Anadolu Agency (AA).
Мадрид ја собори Владата на Каталонија и воспостави контрола над регионалната управа по незаконското и неуспешно еднострано прогласување на независност во октомври минатата година од страна на регионалниот Парламент.
Според вонредните овласувања што Сенат ѝ ги додели на шпанската Влада, големиот степен на самоуправа во регионот би се вратил по формирањето на нова влада, по регионалните избори.
Сепаратистите победија на вонредните избори во декември минатата година и го избраа страствениот сепаратист Куима Тор за нов претседател на Каталонија.
На членовите на поранешната Влада на Каталонија ќе им се суди под обвинение за бунт. Неколкумина од нив се наоѓаат во притвор, а останатите ја напуштија Шпанија и се сметаат за бегалци.