Ekipa
26 Јуни 2018•Ажурирај: 27 Јуни 2018
ДАМАСК/АНКАРА (АА) - Израел изврши ракетен напад во околината на меѓународниот аеродром во сирискиот главен град, Дамаск, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на новинската агенција на режимот на Башар ал Асад, САНА (SANA), две ракети на Израел паднале во околината на меѓународниот аеродром во Дамаск.
Според информациите до кои дојдоа новинарите на АА, јужно од Дамаск, во подрачјето на Дера, како реакција на нападот што го извршил авион, одбранбениот систем на силите на режимот на Асад исфрлил проектил кој е неутрализиран од страна на израелската војска на просторот над областа Дера.
По овој случај, режимот повторно направил уште еден обид, но овој пат израелските воени авиони ја погодиле платформата од каде што бил лансиран проектилот.
Израелските авиони по нападот долго време летаа на небото на Дера и Кунејтра.
Израелските власти сè уште не дадоа изјава околу случајот.