Sinan Uslu
26 Јуни 2018•Ажурирај: 27 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски му честиташе на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за неговата победа на претседателските и парламентарни избори одржани во неделата, соопшти претседателската прес-служба на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Изворите велат дека Ердоган и Трамп ја потврдиле заедничката заложба за развој на билатералната соработка за одбраната и Војската.
Двајцата лидери го нагласија и значењето на спроведувањето на Мапата на патот во Мунбиџ, и продолжувањето на соработката во борбата против тероризмот.
На 4 јуни во Вашингтон се состанаа шефовите на турската и американската дипломатија, Мевлут Чавушоглу и Мајк Помпео, и ја потврдија Мапата на патот за воспоставување безбедност и стабилност во Мунбиџ.
Договорот се фокусира на повлекување на терористичката група ЈПГ, која е огранок на ПКК, од Мунбиџ, и воспоставување стабилност во регионот.