Ekipa
02 Јули 2017•Ажурирај: 03 Јули 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската армија изврши жестоки артилериски напади врз позициите на силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад на Голанската Висорамнина, јавува Anadolu Agency (AA).
Повикувајќи се на изјавите на воените функционери, израелските медиуми објавија дека од сириска страна, на територијата контролирана од страна на Израел паднале две гранати, по што израелските сили одговориле со артилериски напади во кои беа уништени воени позиции од кои биле испукани двата проектила.
Тоа е четвртиот артилериски напад кој го извршија израелските сили врз Сирија во изминатите седум дена, а сите овие напади се оправдани со наводни провокативни напади од сириската страна.