?kipa
02 Јули 2017•Ажурирај: 03 Јули 2017
ДАМАСК/АНКАРА (АА) - Во самоубиствен напад со возило-бомба во сирискиот главен град, Дамаск, според првичните сознанија животот го загубиле четири лица, додека седуммина се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на АА од болнички извори, напаѓачот го детонирал возилото-бомба, во кое се наоѓал и самиот, на плоштадот Тахрир во центарот на градот.
Според соопштеното, најмалку четири лица го загубиле својот живот, додека седум лица се ранети.
Во веста на новинската агенција на Асадоцот режим, САНА, се наведува дека три возила-бомби се откриени на патот кон аеродромот, и во квартот Амара, додека напаѓачот во едно од возилата го детонирал возилото во моментот кога полицијата го следела.
Според истиот извор, другите две возила се уништени од страна на полицијата на режимот.
Сѐ уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.