Mustafa Deveci
21 Јули 2025•Ажурирај: 21 Јули 2025
АНКАРА (АА) - Израелската Армија објави дека извршила воздушен напад врз пристаништето Ал-Худејда во западен Јемен, известува Анадолу.
Со писменото соопштение Армијата потврди дека извршила воздушен напад врз Јемен.
Во воздушниот напад на пристаништето Ал-Худејда во западен Јемен биле нишанети „позиции на Хусите“ кои се поддржани од Иран.
Нападите биле извршени како одговор на ракетните и беспилотните летала на Хусите насочени кон Израел.
Во меѓувреме, израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, напиша објава во која упати закани до Јемен.
Наведувајќи дека Хусите ќе „платат висока цена“ за нивните ракетни напади врз Израел, Кац истакнува:
„Судбината на Јемен ќе биде како на Техеран“.
Хусите сè уште не излегоа со соопштение во врска со нивните напади врз пристаништето Ал-Худејда.