Mücahit Aydemir
01 Ноември 2023•Ажурирај: 02 Ноември 2023
КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската војска објави дека распоредила воени бродови во Црвеното Море, јавува Анадолу.
„Во согласност со проценката на ситуацијата и во рамките на сѐ поголемите одбранбени напори во регионот, бродовите на Поморските сили стигнаа до регионот на Црвеното Море“, соопшти израелската војска.
Хусите во Јемен, поддржани од Иран, вчера објавија дека изведуваат напади врз Израел со беспилотни летала и проектили.
Израелската војска објави дека ракета истрелана од регионот на Црвеното Море кон израелска територија е уништена од системот за противвоздушна одбрана.
Хусите за првпат ја презедоа одговорноста за нападите врз Израел.