Mustafa Deveci
16 Септември 2020•Ажурирај: 16 Септември 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Во северниот израелски град Нетанја се симнати знамињата на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Бахреин и на нивно место се поставени палестински знамиња, јавува Агенција Анадолија (АА).
Властите на Израел вчера во Вашингтон потпишаа договор за нормализација на односите со ОАЕ и Бахреин, а по тој повод на мостот во центарот на градот Нетанја поставени се националните знамиња на тие две заливски земји.
Израелските активисти доцна синоќа ги отстранија овие две знамиња и на нивните места поставија палестински.
Активистите го снимија тој чин и снимките ги отстапија на медиумите.