Elena Trenchevska Chekovic
28 Септември 2025•Ажурирај: 29 Септември 2025
СКОПЈЕ (АА) - Израел вчера уби уште еден новинар во интензивните напади врз Појасот Газа, јавува Анадолу.
Палестинскиот новинар Мухамед ал-Даја е убиен во израелски напад врз шатор за раселени лица во Деир ал-Балах.
Според властите, бројот на новинари убиени во израелските напади од октомври 2023 година достигнал 252.
Вчера, израелската армија уби повеќе од 80 Палестинци во напади во различни делови од Појасот Газа, додека бројот на жртви досега достигна речиси 66.000, повеќето од нив жени и деца.
Воздушните и копнените напади ја оставија Газа во урнатини, туркајќи го нејзиното население во глад.
Истражителите на Обединетите нации неодамна донесоа заклучок дека Израел врши геноцид во Газа.