Ekipa
03 Февруари 2016•Ажурирај: 03 Февруари 2016
АТИНА (АА) - Грчките новинари денеска се приклучија на генералниот штрајк да го изразат незадоволството од планот за реформа на пензискиот систем, кои се дел од третиот пакет за помош на Грција, јавува Anadolu Agency (АА).
Како резултат на штрајкот, медиумите во Грција не објавуваат вести, информативните портали не објавуваат нови информации, а утрешните изданија на весниците нема да се печатат.
Синдикатите повикаа на национален штрајк во четвртокот кој ќе ги затвори јавните служби, училиштата, додека вработените во грчката државна болница ќе работат само за итни случаи. Јавниот превоз, вклучувајќи ги и домашните летови ќе бидат целосно запрени.
Соопштението на владата за новите мерки во областа на социјалната заштита и воведување на нови даноци предизвика силни критики во јавноста во земјата.
Реформите се резултат на притисокот од партнерите на Грција од еврозоната, кои бараат официјална Атина да го реформира пензискиот систем кој веќе е загрозен од проблеми на високата стапка на невработеност.
Неодобрувањето на планот го покажуваат и грчките адвокати, научници, нотари, здравствениот сектор, вработените во пристаништата и други категории. Сеуште траат протестите и на земјоделците кои со колони на трактори го блокираа сообраќајот на многу патишта.