Ahmed Asmar
23 Јули 2024•Ажурирај: 24 Јули 2024
АНКАРА (АА) - Израелската армија утринава уби тројца Палестинци, вклучително и една жена, за време на рациите низ окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу.
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека двајца Палестинци загинале во израелски оган во градот Саир, јужниот окупиран Западен Брег, а една жена е убиена во северниот град Тулкарем.
Официјалната палестинска новинска агенција ВАФА цитираше локални извори дека израелската армија извршила рација во градот Саир и отворила оган врз Палестинците, при што биле убиени двајца Палестинци.
Израелските сили упаднаа во неколку дома во Саир, при што војниците жестоко ги испрашуваа луѓето и ги напаѓаа.
Тензиите низ окупираниот Западен Брег се зголемија поради смртоносната израелска офанзива во која загинаа над 39.000 луѓе во Појасот Газа од 7 октомври 2023 година.
Според Министерството за здравство, оттогаш се убиени најмалку 581 Палестинец, а речиси 5.400 други се повредени во оган на израелската армија на окупираниот Западен Брег.
Меѓународниот суд на правдата, во советодавното мислење во петокот, ја прогласи повеќедецениската окупација на Палестина од страна на Израел за „незаконска“ и рече дека треба да се стави крај „колку што е можно побрзо“.