Ayşe Sümeyra Aydoğdu
30 Март 2016•Ажурирај: 31 Март 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - По повод на 40-годинината на одбележувањето на „Денот на земјата“, израелските Арапи денес стапија во еднодневен генерален штрајк, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелските државјани по потекло Палестинци, кои неретко ги нарекуваат и „Арапи 48”, денес стапија во генерален штрајк во сите општини во Израел во коишто живеат.
Штрајкот е покренат на повик од Врховниот совет на израелски Арапи, а го поддржаа сите Израелци со палестинско потекло вработени во локалните јавни институции и приватниот сектор.
На денешен ден во 1976 година израелските власти на државјаните со арапско потекло им одзеде стотици хектари земјиште. Палестинците тој ден организираа масовни протести, во текот на кои израелските сили за безбедност убија најмалку шест а ранија стотици демонстранти.
Во знак на сеќавање на тој настан, Арапите во Израел 30-ти март го одбележуваат како Ден на земјиштето.