Esat Fırat
28 Март 2018•Ажурирај: 28 Март 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската војска со тенкови бомбардираше две позиции за кои се тврди дека ѝ припаѓаат на Хамас, во појасот Газа, која е под блокада, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на израелската војска се вели дека две набљудувачки позиции на Хамас во северниот дел на појасот Газа се погодени од израелски тенкови.
Според ова соопштение, тенковскиот напад е извршен како одговор за случајот каде двајца палестинци запалиле оган во близина на границата меѓу Газа и Израел.
Во соопштението се наведува дека израелската војска внимателно ги следи обидите за оштетување на инфраструктурата на граничната безбедност, и безбедносниот ѕид.
Од Хамас сѐ уште не дадоа изјава околу овој случај.
Израел го смета Хамас за одговорен за секој акт кој е извршен врз Израел од Газа каде Израел веќе 10 години применува блокада, и ја претвори во „затвор на отворено“ (open-air prison).