Gülşen Topçu
05 Февруари 2024•Ажурирај: 06 Февруари 2024
ГАЗА (АА) - Најмалку 30 Палестинци се убиени во масакрот што израелската војска го изврши во Деир ал Балах, во централниот дел на Појасот Газа, за кој Израел тврди дека е безбеден, пренесува Анадолу.
Канцеларијата за медиуми на Владата во Газа објави дека израелската војска вчера извршила воздушни напади врз цивилни куќи во Деир ал Балах и бомбардирала џамија во тоа подрачје.
Доцна синоќа објави дека 30 луѓе се убиени во нападите што Израел ги изведе за период од 24 часа на тоа подрачје.
За тоа подрачје Израел тврди дека е безбедно и ги присилува луѓето да мигрираат таму.
Во соопштението на Канцеларијата за медиуми на Владата во Газа се нагласува дека станува збор за геноцидна војна на Израел врз цивилите во Појасот Газа и дека Израел, но и меѓународната задница дале „зелено светло“ за овие масакри, кои се косат со меѓународното и хуманитарното право.
Упатен е итен повик до државите од слободниот свет да интервенираат за да се запре израелската геноцидна војна и крвопролевањето на палестинскиот народ во Појасот Газа.