Turgut Alp Boyraz
12 Декември 2017•Ажурирај: 12 Декември 2017
КУДС (АА) - Израелската војска со авиони и тенкови изведе напад врз Појасот Газа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на израелската војска се наведува дека војската извела напад врз цели на палестинското движење Хамас во јужниот дел од Појасот Газа.
Се додава дека нападот уследил по ракетен напад врз Израел изведен денес од подрачјо на Газа.
Сè уште ниту едно од палестинските движења не ја презеде одговорноста за ракетниот напад, за кој Израел тврди дека е изведен од подрачјето на Појасот Газа.