Gülşen Topçu
12 Декември 2017•Ажурирај: 12 Декември 2017
ГАЗА (AA) – Израелската војска го гранатираше ненаселеното подрачје во Беит Лахија на северот на Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименувани полициски извори јавуваат дека во нападот е причинета материјална штета на земјоделските имоти, но дека немало жртви.
Израелската војска наведува дека мета на нападите беа положбите на Хамас во близина на Беит Лахија.
Весникот „Yedioth Ahronoth“ објави дека израелските сили неутрализирале ракетен проектил кој од Газа е исфрлен кон израелска територија.